Со погодокот на Даниел Аврамовски од белата точка во 39-тата минута, Вардар го доби дербито против Академија Пандев со 1-0 во рамки од осмото коло во ПМФЛ. Дуелот кој се одигра на националната арена „Тодор Проески“ значеше шести последователен триумф за најтрофејниот македонски клуб во домашното првенство, а токму против второпласираниот тим на табелата ја зголемија разликата на четири бода.
Успешната низа на Вардар ги стави во позиција да бидат главни кандидати за титулата во овој воведен дел од сезоната, по осум кола Црвено-црните освоија 19 бода, додека Академија Пандев останува на второто место со 15 бода.
Во меѓувреме се играа уште три меча кои започнаа во терминот од 15 часот. Силекс го изненади Работнички со минимални 1-0, Ренова беше подобра од Борец со конечни 2-1, додека Македонија Ѓ.П. со сигурни 2-0 славеше на гостувањето кај Струга Трим Лум.