Грем Сунес се изнервира по опасниот старт на Ајзак Хајден врз Денис Прает, по кој играчот на Њукасл беше оправдано исклучен и го остави на цедило својот тим против Лестер.
Хајден го покоси Белгиецот во финишот на првото полувреме и доби директен црвен картон, а со десетмина играчи на теренот Њукасл прими уште четири гола и загуби со 0:5 од популарните Лисици.
„Хајден тргна да крши коски. Вака не смее да игра ниту еден играч. Ја оштети екипата непотребно во зона што не е опасна за голот на Њукасл“, рече легендата на Ливерпул за „Скај спорт“.
Хајден и лани имаше сличен и опасен „излет“ кога по неговиот старт настрада Џош Марфи од Кардиф. Стартот за црвен картон на Хајден можете да го погледнете ОВДЕ.