Болно за Бешикташ, Боли им даде гол во судиско продолжение за пораз од Вулверхемптон

Вили Боли е јунакот на Вулверхемптон во Истанбул и со гол во 93-тата минута му донесе победа на англсикиот тим против Бешикташ, во меч од второто коло во Лигата на Европа.

Во првата сеанса мечеви што почнаа во 18.55 часот Манчестер јунајтед не успеа да победи во Ден Хаг против АЗ Алкмар и ремизираше без голови.

Пред овие 11 дуели, Партизан ја победи Астана на гости со 2:1 со головите на Умар Садик. Стрелец за казахстанскиот претставник беше Сигурјонсон, но само со почесен погодок.

Во дуелот на поранешните европски прваци Феенорд го победи Порто со 2:0, а ново изненадување приреди австриски Волфсбергер со реми 1:1 против Рома. Во првото коло, клубот од Грац ја победи Борусија во Менхенгладбах со 4:0 и сега е колидер со Волчицата во групата Ј со по 4 бода и идентична гол-разлика од 5:1.

Резултати: АЗ Алмар – Манчестер јунајтед 0:0, Басахшехир – Борусија Менхенгладбах 1:1, Бешикташ – Вулверхемптон 0:1, Брага – Слован 2:2, ЦСКА Москва – Еспањол 0:2, Ференцварош – Лудогорец 0:3, Феенорд – Порто 2:0, Олександрија – Гент 1:1, Сент Етјен – Волфсбург 1:1, Волфсбергер – Рома 1:1, Јанг Бојс – Глазгов ренџерс 2:1.

- Оглас -

Најнови вести