Поради неколку зборови Дембеле ќе го пропушти Ел Класико

Барселона може да биде без Усман Дембеле во вечното дерби против Реал Мадрид, кое ќе се игра на 26 октомври на „Камп ноу“. Играчот на Барселона доби црвен картон на синоќешниот дуел против Севилја, и тоа поради непристојно однесување.

Французинот заработи директно исклучување поради протестите упатени кон судијата Матеу Лаос, кој неколку моменти претходно му покажа црвен картон и на уште еден играч на Барселона, Роналд Араухо. Дембеле протестираше поради одлуката и со неколку збора го „почести“ судијата, а овој му врати со црвен картон.

„Многу си лош, многу си лош“, му рекол Дембеле на судијата, а потоа доби црвен картон.

Кога се работи за директен црвен картон, казната во Шпанија најчесто знае да биде и повеќе од еден меч суспензија. Доколку Дембеле добие два натпревари суспензија, тогаш сигурно нема да биде дел од Ел Класико.

- Оглас -

Најнови вести