Генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ, беше шокиран кога му кажаа дека му е забранет влез во Црна Гора.
„Кога двајца играчи на Ѕвезда одбија да стојат пред знамето и химната на непризнаената Косово, Савичевиќ јавно ме обвини дека јас сум ги заговорил. Тогаш до мене дојде информација дека Савичевиќ барал од највисоките органи на Црна Гора да ми се забрани влез во таа земја. Мислев дека е шега, но сега се уверив дека е вистина. На аеродромот во Тиват, припадниците на граничната полиција ми соопштија дека ми е забранет влезот во Црна Гора. Со првиот лет се вратив во Белград. Не очкував вакво нешто од земја со која пораснавме и бевме горди. Она со Албанците од Косово можев да го очекувам, но за ова со Црногорците немам одговор“ – вели Терзиќ.
Во 2008 година, кога против Терзиќ за проневера на пари додека беше на чело на ОФК Београд, беше распишана меѓународна потерница, тој се криеше во Црна Гора.