Двојно славје за Пандевци: Триумф над шампионот и подвиг до лидерската позиција

Академија Пандев му го нанесе петтиот овосезонски пораз на шампионот Шкендија, совладувајќи ги тетовци со минимални 1-0 на Градскиот стадион во Тетово. Гостите од Струмица дојдоа со голема надеж дека може да остварат добар резултат знаејќи дека Шкендија е во криза и претпе промени во стручниот штаб во изминатиов период, па така новиот тренер на актуелниот првак Ернет Ѓока, дебитираше со пораз.

Победата за Пандевци ја донесе Марио Маслац во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме, па со овие три бода Академија Пандев барем до утре ќе стои на челната позиција на табелата во македонската Прва лига, со еден бод повеќе од Вардар.

Шкендија по поразот од Шкупи и ремито без голови со Вардар, веќе трет меч во низа не може да освои три бода, па затоа стои на шестото место со 11 бода.

- Оглас -

Најнови вести