Дани Парехо постигна вистински еврогол од слободен удар и донесе бод за Валенсија на гостувањето кај Атлетико Мадрид. За Јорганџиите ова е четврто реми во последните пет кола во Примера и сега заостануваат три бода зад водечката Барселона.
Атлетико одлично започна во првото полувреме. Упати дури 11 удари во првите 45 минути, а на крајот даде само еден гол и тоа од пенал кога во 36 минута погоди Диего Коста. Во второто полувреме, гостите од Валенсија заиграа многу подобро, создаваа шанси, а како круна на добрата игра беше слободниот удар на Парехо во 81 минута.