Џенова се пофали со нов тренер – Очекувано Тијаго Мота ќе му биде кормилар на Пандев

Горан Пандев и неговите соиграчи од Џенова ќе соработуваат со Тијаго Мота, кој и официјално е претставен како нов тренер на 9-кратниот италијански првак.

„Добредојде Тијаго Мота“, објави Џенова на својата клупска страница.

Мота има скромно искуство во тренерската фела, работеше со младинскиот тим на Пари Сен Жермен и ова за него ќе биде голем предизвик.

Има само 37 години, едно лето е повозрасен од капитенот на македонската репрезентација, а најави револуција во фудбалот и формација 2-7-2 што ќе се обиде да ја примени кај калчолигашот од Џенова.

Џенова по 8 кола е претпоследна во Серија А со пет бода, само еден повеќе од градскиот ривал Сампдорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести