Вечер за мерак со 25 гола на шест меча ни приредија екипите во Лигата на шампионите, а пукнаа и три петарди во режија на фудбалерите на Манчестер сити, Тотенхем и Пари Сен Жермен.
Килијан Мбапе и Рахим Стерлинг со хет-трик беа лидери во убедливите победи на ПСЖ против Бриж во Белгија со 5:0 и на Манчестер сити против Аталанта на „Етихад“ со 5:1.
И Тотенхем ја прегази Црвена Звезда со 5:0, а Кејн и Сон постигнаа по два гола за англискиот тим. Јувентус со двата гола на Пауло Дибала за кус рок од две минути направи пресврт и ја победи Локомотив од Москва со 2:1. Гостите водеа по првото полувреме со голот на Алексеј Миранчук.
What a strike by Dybala.https://t.co/ZCKi7zP12v
— Cpt. Kibet (@CaptKibet_) October 22, 2019
Реал Мадрид успеа да ја забележи првата победа во овој циклус од Лигата на шампионите, откако со голот на Тони Крос во 18. минута го победи Галатасарај во Истанбул.
Со еден гол разлика, но во ефикасен меч Баерн го победи Олимпијакос во Атина со 3:2. Домаќините водеа до голот на Ел Араби, но се разлути Левандовски и со два гола направи пресврт. Потоа погоди и Толисо за гостите од Минхен, а за неизвесна завршница се погрижи Гилјерме со гол за 2:3. Сепак фаворитот издржа и успеа да победи во Пиреа.