Младинците на Шкендија одиграа многу подобар меч во реваншот со Динамо Киев, ремизираа 2:2, но и со тој резултат беа далеку од елитата и испаднаа на стартот од натпреварите во Лигата на шампионите.
Првиот меч во Киев, Динамо го доби со неверојатни 8:0, па по само 90 минути беше јасно која екипа ќе игра во финалната рунда во Лигата на шампионите за играчи до 19 години.
Денеска тетовци покажаа дека сепак разликата во квалитет не е толкава и во ефикасен меч ремизираа со фаворитот.
Генц Гаши со погодок во 25. минута и донесе предност на Шкендија, а потоа гостите направија пресврт. Амзаи си постигна автогол, а Волошин во 90. минута беше прецизен од белата точка за 1:2.
Бесарт Реџепи не погоди од пенал во третата минута од судиското продолжение, но со прецизен удар корегираше Едис Спахиу за 2:2.
Динамо оди понатаму со вкупен резултат од 10:2 и ќе игра со подобриот од реванш мечот меѓу Бохемијанс и ПАОК.