Вториот најтрофеен клуб во Македонија, Работнички е во голема криза, а денеска од 13.30 часот ќе има тежок испит против Академците на Пандев во обид да се прекинат две лоши серии.
Романтичарите се последни на табелата и имаат три порази по ред и серија од четири неуспеси против денешниот ривал.
Тренерот Марјанчо Андрески е на кормилото на 4-кратниот првак само две седмици, но нема избор и ќе мора да најде стратегија за подвиг против второпласираната екипа. Разликата во бодови е 14+ за Академија Пандев, но и струмичани имаат проблеми.
Повредени им се двајцата репрезентативци Љупче Дориев и Ѓорѓи Стоилов, тандем кој е моторна сила и срцето на тимот.
Сепак и за нив победата е многу важна за да останат во трката со Вардар за шампионската титула. Мечот ќе се игра во Турново од 13.30 часот.