Германскиот медиум „Билд“ објави дека Нико Ковач добил отказ во Баерн Минхен. Хрватот беше под притисок по дебаклот што му се случи во Франкфурт вчера, кога Баерн загуби со 1:5 од Ајнтрахт, но беше најавено дека ќе има шанса за поправен испит.
Веста не е потврдена од Баерн, но не е никакво изненадување, бидејќи Ковач имаше проблеми и во комуникацијата со играчите, иако резултатите не му беа лоши. Лани во првата сезона како кормилар на Баерн ја освои двојната круна, а и годинава не е далеку од врвот, Баерн игра одлично во Лигата на шампионите, а е во игра и за одбрана на круната во ДФБ покалот.