Манчестер јунајтед го совлада Брајтон со 3-1, а Вулверхемтон ја победи Астон Вила со 2-1, во двата попладневни меча од англиската Премиерлига, кои беа како увертира пред големото дерби Ливерпул – Манчестер сити. Со овие победи, Јунајтед и Вулфс дојдоа на само еден бод заостанување зад петтиот Шефилд јунајтед, и најавуваат вмешување во борбата за места кои водат на европска сцена.
За Маркус Рашфорд, играњето на „Олд Трафорд“ му носи среќа, бидејќи сезонава има дадено шест гола на „театарот на соништата“, и со тоа е третиот најопасен домашен играч во лигата зад Агуеро и Салах.
Рубен Невеш од 14-те гола за Вулфс, 11 даде со шутеви од надвор од 16-никот, а Раул Хименес има 13 гола во сите натпреварувања, и од премиерлигашките играчи, поефикасен од него е само Рахим Стерлинг од Манчестер сити.