На Сандерленд и Сканторп ЕФЛ купот им е во втор план

Морекомб – Карлајл (ЕФЛ куп, 20.45 часот)

Во финишот е првата фаза по групи во популарниот ЕФЛ куп во Англија. Ова ќе биде дерби на екипи што настапуваат во Лига два во Англија, а мечот е значаен само за гостите.

Карлајл со победа ќе биде второпласиран, ќе го прескокне тимот на Вулверхемптон до 21 година и би одел понатаму во Купот.

Морекомб нема шанси за пласман понатаму, па ќе игра само за престиж. Овде има многу интересна традиција, дури и неверојатна, која вели дека Карлајл не е поразен на последните 10 гостувања кај Морекомб.

Домаќините имаат и поинакви грижи, последни се во Лига 2, па овде ќе типуваме чиста двојка.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

Линколн – Ротерам (ЕФЛ куп, 20.45 часот)

На „Синсил банк“ арената во Линколн ќе има директна битка за втората позиција во групата број 8 во ЕФЛ купот. Моментно таму е Донкастер со 3 бода и гол-разлика од 6:6, а еднаков број бодови има и Ротерам, но со негативна гол-разлика од 3:4. На гостите им одговара и реми бидејќи Донкастер го заврши настапот во групата и сега го чека исходот од овој меч.

Лидер е младиот тим на Манчестер јунајтед и тоа нема да се смени, а шанса има и Линколн. Домаќините денеска мора да победат, и тоа најмалку со 4 гола разлика или со три, но да постигнат минимум пет голови.

Математики има многу, а Линколн не може да калкулира, за разлика од Ротерам, кој може да оди понатаму во ЕФЛ-купот со позитивен резултат.

Двете екипи добро се познаваат бидејќи играат во Лига 1 во Англија, а ќе типуваме дека Ротерам нема да загуби во ефикасен меч.

Предлог тип: Х2&3-6 гола (2.55)

 

Краули – Оксфорд јунајтед (ЕФЛ куп, 20.45 часот)

Ова ќе биде дуел без резултатски императив бидејќи во групата 10 во ЕФЛ купот сè е познато. Оксфорд јунајтед оди понатаму, во следната фаза, заедно со првполасираниот Портсмут, а Краули е елиминиран само по два одиграни натпревари и е без бодови.

Предноста е на страната на гостите кои играат во една лига погоре во Англија, во Лига 1, за разлика од Краули, кој е член на Лига 2.

И формата е на страната на Оксфорд, екипа што нема пораз на 13 меча по ред во сите натпреварувања, за разлика од Краули, кој има само една победа на последните пет меча.

Предлог тип: 2&ГГ (3.10)

 

Милтон Кејнс Донс – Вајкомб (ЕФЛ куп, 20.45 часот)

Вајкомб свесно го жртвуваше учеството во ЕФЛ купот за да остане во битка за врвот во Лига 1 и засега планот му успева бидејќи е на втората позиција со 33 бода, колку што има и лидерот Ипсвич.

Познатиот „дебелко“ Адебајо Акинфенва, кој играше за големиот ривал на МК Донс, Вимблдон, е најдобар стрелец на Вајкомб, но прашање е дали денеска ќе игра.

Гостите може да си дозволат луксуз да играат со резервен тим, па Милтон Кејнс е фаворит за победа. Тие се први во групата 15, немаат примено гол и ќе се обидат со чиста мрежа да одат понатаму.

Предлог тип: 1 (2.75)

 

Сканторп – Сандерленд (ЕФЛ куп, 20.45 часот)

Сканторп и Сандерленд ќе играат нокаут-меч за втората позиција што води понатаму во ЕФЛ купот, а во подбра ситуација се домаќините.

На Сканторп му одговара и реми бидејќи има четири бода, еден повеќе од Сандерленд пред стартот на последниот меч во првата група.

Младиот тим на Лестер е сигурен патник во следната фаза, а директната битка која екипа ќе им се приклучи ќе биде вечерва на „Гланфорд парк“.

И двете екипи имаат многу повеќе работа во своите дивизии отколку да бијат битка за пласман понатаму во ЕФЛ купот, но мечот мора да се одигра.

Сандерленд игра во Лига 1 и со три порази на послендите пет меча ја загуби формата и испадна од зоната со екипи што би играле плејоф за пласман во Шампионат лигата или би биле меѓу двата состави што директно ќе патуваат во повисок ранг.

За Црните мачки е многу поважно да победуваат во првенството, а тоа важи и за Сканторп, екипа која игра во Лига 2 и не стои добро на табелата. Овде може да се каже дека ќе се игра за да не се победи, а тоа му одговара на домаќинот.

Предлог тип: 1Х (1.68)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални квоти можете да ги одиграте следните натпревари:

Роџер Федерер – Матео Беретини (АТП Лондон, 15 часот)

Предлог тип: 1>21.5 гем (2.25)

Новак Ѓоковиќ – Доминик Тим (АТП Лондон, 21 часот)

Предлог тип: 1<20.5 (2.50)

Чикаго булс – Њујорк никс (НБА, 02 часот)

Предлог тип: 1-1 (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести