Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години во Скопје одигра без голови, 0-0, против врсниците од Босна и Херцеговина. Ова не е лош резултат бидејќи Босанците беа поопасни, имаа повеќе шанси, а имаат тим кој е воигран и во сличен состав учествуваше на Европско првенство за играчи до 17 години.
Во вториот натпревар од групата во Скопје, Англија без проблеми го порази Луксембург со 4-0. Овој меч се играше на стадионот во населбата Ѓорче Петров. Во следното коло на 16 ноември во 13 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче, „црвено-жолтите“ играат со силната Англија, а за 19 ноември е закажан дуелот со Луксембург.
Во следната фаза одат двете најдобри од групата. Англија веројатно ќе биде едниот патник во елитните квалификации, а Македонија и БиХ ќе се борат за втората позиција, па на дуелите со Англија и Ликсембург секој даден и примен гол ќе биде важен.