Нико Ковач ќе седне на клупата на најголемиот ривал на Баерн Минхен

Нико Ковач неодамна остана без работа откако доби отказ во Баерн Минхен. Сепак, според пишувањата на „Билд“, хрватскиот стратег многу брзо може повторно да се врати на тренерската работа, и тоа повторно во Бундеслигата. Се најавува дека Ковач е најсериозен кандидат за нов тренер на Борусија Дортмунд.

Доколку се случи Ковач да седне на клупата на Борусија, тоа ќе биде удар за Баерн бидејќи стратегот добро ги знае слабите точки на баварскиот гигант.

Борусија е во серија на лоши резултати, а тренерот Луцијан Фавр добил ултиматум дека Милионерите треба да ја победат Барселона во следниот меч од Лигата на шампионите, што е многу тешка задача. Ако не се случи тоа, Фавр може да добие отказ и тогаш треба да настапи Ковач.

Освен Ковач, како можен тренер на Борусија се споменува и неодамна сменетиот стратег на Тотенхем, Маурисио Покетино.

 

- Оглас -

Најнови вести