Кардиф и Нант ќе продолжат да се расправаат за парите од трансферот на трагично починатиот фудбалер Емилијано Сала, а работата сигна до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.
Кардиф се жали на одлуката на ФИФА дека мора да му исплати 15 милиони фунти на Нант, иако според велшкиот клуб, францускиот клуб не ги заслужува.
Сала загина во пределот над Ла Манш во јануари годинава враќајќи се од Нант кон Кардиф, а не стигна да заигра за новиот клуб.
Потоа почна мизеријата на двата клуба и докажувањето дали треба да се реализира паричниот трансфер според договорот и отштетата која беше договорена на 15 милиони фунти.
ФИФА пресече во корист на Нант, па Кардиф требаше да ја исплати првата рата од околу 5,3 милиони фунти, но клубот се жалеше во Лозана и чека одлука од ЦАС, осносно од Арбитражниот суд за спорт.
Оттаму информираа дека жалбата е пристигната, а одлуката ќе биде донесена во јуни идната година.