МВП изданија на Харден и Џејмс во дуелите против Кливленд, односно Орландо (видео)

Блескавата партија на Џејмс Харден, Хјустон ја потврди со победата од 116:110 на гостувањето во Кливленд против Кавалирс. Брадата во МВП издание реализира 55 поени и беше незадржлив за некогашниот првак, кој го претрпе 19-тиот пораз по 24 меча оваа сезона.

Шутерски расположениот Харден за помалку од 42 минути запиша 55 поени, реализира 10/18 тројки, а оствари и 8 точни додавања. Вестбрук со 23 поени се истакна како втор најефикасен играч од редовите на Рокетс.

 

Во Флорида доминираше Кралот, Леброн Џејмс со нов трипл-дабл ги одведе Лејкерс до 22-рата победа сезонава. Езерџиите го совладаа домашниот состав на Орландо со 96:87 за продолжување на низата на 12 гостински победи.

Џејмс беше секаде на теренот, неговите 25 поени, 11 скока и 10 асистенции беа доволни за втората најтрофејна франшиза во НБА-лигата. Дејвис беше солиден со 16 поени и 14 скока, додека за Магичните светла точка беше Ајзек со 19 поени.

Останати резултати:

Индијана пејсерс – Бостон селтикс 122:117, Бруклин нетс – Шарлот хорнетс 108:113, Чикаго булс – Атланта хокс 136:102, Минесота тимбервулвс – Јута џез 116:127, Феникс санс – Мемфис гризлис 108:115, Милвоки бакс – Њу Орлеанс пеликанс 127:112, Сакраменто кингс – Оклахома сити тандер 94:93, Голден стејт вориорс – Њујорк никс 122:124.

- Оглас -

Најнови вести