Џејмс Харден постигна 54 поени за Хјустон во победата против Орландо со 130:107 и петти пат сезонава ја мина границата од 50 поени.
Популарната Брада на Хјустон погоди 10 од 15 удари за тројка, а потврди дека ја крена формата со четврти учинок од 50+ поени на последните 7 натпревари во НБА лигата. Тој е единствениот кошаркар во историјата на НБА лигата што на два меча по ред постигнал над 50 поени и притоа имал најмалку 10 тројки.
Imagine watching this and actually believing that James Harden is a product of a coach's system. pic.twitter.com/n8mr2QG960
— ClutchFans (@clutchfans) December 14, 2019
Супер ефикасни ноќеска беа и Пол Џорџ и Кавај Ленард, новото дуо рекордери на Лос Анџелес клиперс. Тие се тандемот кошаркари со вкупно највисока комбинација на поени, 86 на ист меч, а притоа и двајцата со мината граница од 40 поени.
Џорџ постигна 46, Кавај броеше до 42, што е само 21-ви таков случај, два кошаркари од ист тим на ист меч да одат над 40-ка.
Клиперс славеше со 124:117 против Минесота, екипа за која Карл Ентони Таунс одигра одлично и постигна 39 поени и имаше 12 скока. Вигинс даде 34 поени, но Волците на Минесота се поразени по седми пат по ред.
Резултати: Мајами – Л.А. Лејкерс 110:113, Орландо – Хјустон 107:130, Филаделфија – Њу Орлеанс 116:109, Атланта – Индијана 100:110, Чикаго – Шарлот 73:83, Мемфис – Милвоки 114:127, Јута – Голден стејт 114:106, Минесота – Л.А клиперс 117:124, Сакраменто – Њујорк 101:103.