ФИФА покрена постапка против Блатер и Платини

ФИФА покрена нова постапа против поранешните претседатели на светската и европската фудбалска куќа, Сеп Блатер и Мишел Платини. Барањето е да се вратат два милиони швајцарски франци кои Блатер ги префрлил на сметка на Платини во 2011 година, а биле извадени од трезорот на ФИФА.

Претходно месецов извршниот комитет на ФИФА се согласи да ја покрене оваа постапка, додека повратените пари ќе ги инверстираат во развојот на фудбалот, што беше и првична намена на споменатата сума.

Блатер моментално отслужува шестгодишна суспензија поради малверзации и перење пари откако се обелодени скандалот во 2015 година. Тогаш заврши и неговиот 17-годишен мандат на чело на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести