За Коларов, слободните удари се како пенали

Рома славеше на гостувањето кај Фиорентина со 4-1, стрелци беа Џеко, Коларов, Пелегрини и Ѕаниоло, а најубав беше вториот погодок, кој го даде Србинот и можете да го погледнете тука.

Сезонава левиот бек на Рома има дадено три гола од слободен удар, и во топ-лигите во Европа, подобар од него во овој елемент е само Лионел Меси од Барселона, кој четири пати ги тресеше мрежите со проектили од слободен удар. Коларов е бек и негова задача не треба да биде да дава голови, но кога има прекин, тој е одговорен и рутински и прецизно ја извршува задачата.

Коларов во 2019 година даде вкупно девет гола, а последен дефанзивец во Серија А кој во една календарска година постигнал толку погодоци, бил Масимо Одо во 2006 година. Тогаш Одо имаше десет реализации.

Со оваа победа, Рома дојде на седум бода негатива зад првопласираниот Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести