Јоаким Лев, селекторот на германската фудбалска репрезентација, смета дека на Европското првенство кое ќе се игра во престојната година, Германија нема да биде главен фаворит за титулата. Лев мисли дека на Стариот Континент има неколку национални тимови кои се посилни од германскиот.
Германија на ЕП во првата фаза ќе биде во „групата на смртта“ со Португалија, Франција и уште еден тим кој ќе влезе преку баражите во Лигата на нациите, а тоа може да биде и Македонија.
„Сакаме да играме атрактивен фудбал и, се разбира, да се пласираме во елиминациската фаза на Евро 2020. Но, не треба да се заборави дека има тимови кои играат заедно долго време и секако се чекор понапред од нас. Зборувам за тимови како Франција, Холандија, Англија и Италија. Нашата репрезентација уште треба да расте и да напредува, но имаме цврста основа на која може да се гради тим кој во иднина ќе освојува трофеи. Нема да бидеме еден од главните фаворити за титулата на ЕП 2020“, изјави Лев.