Судиите ја потфрлија топката во „Морача“, но таму не беа играчите на Црвена ѕвезда (Видео)

Мечот меѓу Будуќност и Црвена ѕвезда требаше да биде шлаг за 2019 година во АБА-лигата, но наместо шоу на теренот, дуелот не се одигра. Гостите од Белград не допатуваа во Подгорица, а како образложение за ваквата одлука ја наведоа нестабилната политичка состојба во земјата.

„Го одложивме патот во Подгорица поради случувањата кои ги видовме во претходните неколку дена. Не сакавме дополнително да правиме тензија и да ја вложиме атмосферата. До нас стигна допис во кој пишуваше дека ќе има 7.500 навивачи и дека сите ќе бидат идентификувани, како и тоа дека секој ќе ги сноси последиците ако направи нешто. Сепак, не можевме да ја исклучиме можноста од евентуални напади на национална основа упатени кон нашите играчи или стручниот штаб“, објасни претседателот на Црвена ѕвезда, Небојша Човиќ.

На паркетот во салата „Морача“ вечерва сепак се појавија играчите на Будуќност и судиите. Арбитрите направија и потфрлање на топката, што значи дека мечот е започнат, но една од екипите не е на терен. Се очекува Будуќност службено да стигне до победата.

- Оглас -

Најнови вести