Венди Ренар бара помош на социјалните мрежи за да си го врати големото признание што го одби од ФИФА како најдобра светска дефанзивка во минатата сезона.
Статуетката е загубена на патувањето со воз од Париз кон Лион, заедно со куферот, во кој бил вредниот трофеј на Ренар.
Подоцна куферот бил пронајден, но во него го немало трофејот на ФИФА. Женскиот Вирџил Ван Дајк, како што ја нарекуваат Ренар, има 29 години, а беше номинирана и за главната награда, Златната топка. Не успеа да ја добие, но сепак си замина од свеченоста со вреден трофеј за најдобар одбранбен фудбалер на планетата.
Венди игра во Лион од својата 16-та година и освои шест пехари во Лигата на шампионите, со тимот што апсолутно доминира и во Франција.
За националната селекција на Франција одигра 118 натпревари.