Ангажирањето на португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш, кој дојде од Спортинг Лисабон, многумина го толкуваат како знак дека Манчестер јунајтед веќе и не е толку непопустлив кон продажба на Пол Погба. Сега веќе големи се шансите Јунајтед да го продаде Погба во летниот преоден рок, и тоа за пореална цена од таа која ја бараа досега.
Бруно Фернандеш е сличен тип на играч како Погба, за него Манчестер плати 55 милиони евра, и Погба, кој поради повреди малку играше сезонава и не го гледаат како некој што по ниедна цена не треба да биде продаден. Место за Бруно и Погба во тимот веројатно нема, па налето може на Погба да му се исполни желбата да замине од Јунајтед.
За него најмногу се интересираа Реал Мадрид и Јувентус, но ако Манчестер е расположен сериозно да ја спушти цената, тогаш Погба може да биде привлечен и за други клубови кои играат во Лигата на шампионите.