Дали вечерва ќе ги пакува куферите? Бејл сигурно нема да игра против Атлетико

Герет Бејл утре нема да игра во големото мадридско дерби, а прашање е дали тоа значи дека Велшанецот до вечерва на полноќ може да биде продаден. Еден од најплатените фудбалери во светот веќе со месеци е незадоволен од статусот во Реал Мадрид. Пред почетокот на сезоната се најавуваше дека Бејл ќе замине во Кина, но трансферот беше стопиран.

Сега, повторно се најавува дека Бејл може да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но тренерот Зинедин Зидан утрово демантираше дека Велшанецот ќе си замине. Сепак, работите повторно се компликуваат, откако Зидан го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот против Атлетико, во дербито на Примера дивисион.

 

- Оглас -

Најнови вести