Џејми Глакин постигна еврогол директно од корнер за Колерејн против Гленторан, а имаше неочекувана помош. Или, како што на шега велат ирските коментатори асистенцијата е на Ураганот Кјара.
Големото невреме што ја погоди Британија донесе барем нешто добро, а Глакин со помош на силниот ветар постигна прекрасен погодок директно од корнер.
Со тој гол Колерејн победи со 1:0 на гостински терен и се израмни токму со Гленторан на втората позиција во првенството на Северна Ирска. Двете екипи по 28 кола имаат по 56 бода, четири помалку од лидерот Линфилд.
Во Велика Британија деновиве има големо невреме, а Ураганот е именуван како Кјара.