Барселона не му го честитише јавно 54-тиот роденден на Христо Стоичков преку ниту еден од профилите на социјалните мрежи, ниту преку официјалниот веб сајт. Стоичков не е баш обичен бивш фудбалер на каталонците, туку е една од легендите, и затоа чуди ваквиот однос кон него.
Додека играше за Барса, популарниот Ицо Камата доби и „Златна топка”, но никој од ПР службата на клубот не се сети за него. Роденденот на Стоичков му го честитаа странски клубови во кои не остави преголем трага. Честитки стигнаа од неговиот матичен клуб ЦСКА Софија, од Европската фудбалска федерација УЕФА, од клубот Парма, како и од МЛС лигата во САД каде тој играше за два клуба.