Реал Мадрид ја задржа челната позиција во шпанската Примера откако Кралскиот клуб победи со 4:1 на гости кај Осасуна во Памплона. Мадридскиот гигант губеше со 1:0, но брзо направи пресврт и стигна до победа која го остави на врвот на табелата со три бода повеќе од Барселона.
Меѓу стартерите на Реал беше и Герет Бејл, за кого толку многу се зборуваше дека ќе си оди од „Сантијаго Бернабеу“. Бејл одигра до 71-вата минута, а потоа на негово место беше внесен Лукас. По завршивањето на дуелот, тренерот Зинедин Зидан веднаш беше запрашан зошто Бејл беше сменет.
„Сакате да имаме проблеми со Бејл, но го немаме. Ако Бејл не даде гол, секако дека не е среќен. Знае дека ќе треба повеќе да се потруди. Сепак, среќен сум бидејќи добро асистираше“, рече Зидан, кој реши и да ги награди фудбалерите и им даде два дена одмор.