Легендарниот фудбалски „тренер над тренерите“ во Хрватска, Мирослав Ќиро Блажевиќ, денеска наполни 85 години. Тој за хрватските медиуми рече дека не ги слави родендените, но дека нема намера наскоро да умре.
„Сине, нема да славам. Родендени слават младите. Кога ќе дојдете во одредени години, веќе не ви е до славење родендени, туку се тагува. Ќе си седам дома со сопругата Зденка. Овие од мојата генерација полека си заминуваат, но јас не се давам, уште долго ќе ме гледате“, изјави Блажевиќ.