Христо Стоичков, легендата на бугарскиот фудбал, е разочаран од комерцијализацијата на современиот спорт, а во интервју за една еквадорска телевизија даде и револуционерен предлог околу примената на ВАР-технологијата.
„Парите го убиваат фудбалот. Трансферите станаа како играње шаховска партија, најважно е колку пари ќе донесеш”, изјави „Златната топка” за 1994 година.
Околу видеотехнологијата Стоичков даде предлог кој досега не беше слушнат.
„Во ВАР-собата треба да има најмалку двајца фудбалери, по еден напаѓач и дефанзивец. Ние играчите најдобро знаеме каква е ситуацијата на терен при одредени спорни моменти. Сега во собата седат само бивши судии, кои не си ја завршиле добро работата”, вели Камата.