Проста математика – Ако Погба сака камбек во Јувентус, Старата дама ќе мора да му ги врати парите на Манчестер јунајтед

Пол Погба сака да се врати назад во Торино, во редовите на Јувентус, но тоа ќе ја чини скапо Старата дама бидејќи Манчестер јунајтед бара отштета од 100 милиони евра.

Приближно за таа сума Црвените ѓаволи си ја платија грешката во 2016 година, кога го вратија Погба од Италија за сума од 105 милиони евра, откако четири години подоцна го пуштија бесплатно во Торино.

Мино Рајола, кој е менаџер на Погба, изјави дека Пол се чувствува како дома во Италија, секако во редовите на Јувентус, нешто слично како Златан Ибрахимовиќ во Милан.

Но Јувентус тешко ќе се одлучи на ризик да плати 100 милиони евра за Погба, кој не игра подолг период и сега е прескап.

Заинтересиран за услугите на Погба е и Реал Мадрид, но и Кралскиот клуб тешко ќе плати отштета од 100 милиони евра, па Рајола притиска да се намали цената за која играчот од средниот ред ќе може да си замине веќе ова лето од „Олд Трафорд“.

 

- Оглас -

Најнови вести