Дербито е во Струмица: Академија Пандев брка трета победа над Шкендија сезонава

Академија Пандев ја пречекува Шкендија во најпримамливиот меч кој се игра денеска во Прва фудбалска лига на Македонија. Ова е меч на две екипи кои се борат за второто место на табелата и што чекаат киксови на лидерот Вардар, кој вчера со 3:1 ја победи Македонија Ѓорче Петров.

Струмичкиот тим ја има најдобрата одбрана на свој терен и во девет меча прими само пет голови, но и ефикасноста им е слаба, па погодија само 13 пати. Шкендија игра многу слабо на гости сезонава, па затоа има само две победи во 10 средби.

Академија Пандев првиот дел од сезоната ја заврши со тешка криза. Екипата не победи ниту еднаш во последните седум средби (четири порази и три нерешени), па сега се надева дека токму против Шкендија ќе најави дека има сили да биде на место кое води излез во Европа.

Шкендија два пати веќе загуби од Академија Пандев во првенството. Во двата случаи струмичани дадоа по еден гол за да се радуваат на победа на крајот.

Освен дуелот во Струмица кој започнува во 13 часот, од 14 часот ќе играат Ренова – Силекс, Шкупи – Борец и Струга Трим Лум  – Работнички. Сите мечеви за обложување ги имате на понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести