Ќе се доделува награда „Играч на мечот“ во ЛШ

УЕФА потврди дека ќе се доделува награда за најкорисен фудбалер по секој натпревар во Лигата на шампионите почнувајќи од осминафиналната рунда.

Одбрана комисија ќе одлучува кој од фудбалерите се покажал во најдобро издание во нокаут-натпреварите кои од утре стартуваат со возбудувањата. Ќе се оценува според клучни моменти, тактичка координација, креативност и инспирација, како и вонсериски вештини и ферплеј.

Комитетот за осминафиналната рунда го сочинуваат девет експерти, меѓу кои се селекторите на Англија и Белгија, Герет Саутгејт и Роберто Мартинес, селекторот на женската репрезентација на Англија и поранешен играч на Манчестер јунајтед Фил Невил, како и Роби Кин, ирскиот напаѓач со најмногу настапи за својата репрезентација.

Честа први да ја примат оваа награда ќе ја имаат учесниците во утрешните средби меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул, односно Борусија Дортмунд и ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести