Кинескиот атлетичар Пан Шанчу реши Коронавирусот да не го спречи да ја одржи формата за трчање. Поради страв од смртоносниот вирус, многу Кинези се „заробени“ во своите домови и не сакат да излегуваат надвор, каде што постои опасност да се заразат.
Шанчу реши да остане дома, но да не прекине со трчањето. Низ дневната соба си направил круг за трчање и за шест часа и 41 минута успеал да истрча 66 километри. Атлетичарот вели дека на почетокот малку му се вртело бидејќи цело време трчал во круг.
„Кога започнав да трчам, малку ми се вртеше во главата, но се навикнав по толку многу истрчани кругови. Трчањето е како зависност. Ако не трчате долго време, ќе почне нозете да ве вртат“, рече Пан, кој живее во градот Хангжу, кој во изминативе неколку денови е пуст поради стравот од Коронавирусот.
How "spectacular" does a live running broadcast have to attract 250,000 views?
Pan Shancu, a marathon runner from Hangzhou , China, achieved it while on lockdown during the #coronavirus outbreak. https://t.co/CTRFQkQMrj pic.twitter.com/JOIMyIMWNh
— CGTN (@CGTNOfficial) February 15, 2020
Во Кина досега умреа над 1.500 луѓе од овој вирус, кој стана глобален проблем затоа што се прошири надвор од границите на најнаселената земја во светот.