Индијана пејсерс покажа како треба да се одигра против Далас за да се победи на противнички терен дури и кога Лука Дончиќ делува незадржливо. Словенецот одигра одличен меч кој го заврши со 36 поени, 10 скока и осум асистенции и му беа потребни две додавања за да заврши си трипл-дабл. Освен Дончиќ, кај домаќините одличен беше и Хардевеј со 30 поени.
Сепак, дека тимската игра победува, покажа Индијана и тоа предводена од Домантас Сабонис, кој заврши со 20 поени, 16 скока и шест асистенции. Неверојатно сигурна беше играта на Индијана затоа што гостите водеа повеќе од 35 минути во текот на мечот, а кога Далас на крајот успеа да стигне и да поведе со 109:104, Индијана со серија од 8:0 на крајот победи со 112:109.
Милвоки покажа колку е ранлив кога на теренот го нема најдобриот играч Јанис Адетокумбо. Бакси го претрпеа вториот пораз во низа, овојпат на гости кај Феникс со 140:131.
Во лоша серија влезе и Хјустон. Ракетите се поразени четврти пат по ред, овојпат пред своите навивачи од Орландо, и тоа со убедливи 126:106. Расел Вестбрук даде 24 поени, а Џејмс Харден заврши со 23, но тоа беа премалку за Ракетите да победат.
Резултати: Далас – Индијана 109:112, Хјустон – Орландо 106:126, Вашингтон – Мајами 89:100, Кливленд – Сан Антонио 132:129 по продолжение, Њујорк – Детроит 96:84, Сакраменто – Торонто 113:118.