И Португалците преземаат мерки: Затворени стадиони или прекин на фудбалот

По препорака на министерката за здравство Марта Темидо, Португалија најверојатно ќе ги следи примерите на Франција, во најлош случај на Италија како преземање мерки против ширењето на Коронавирусот.

Веќе е препорачано да се откажат или одложат сите настани кои би собирале маса над 5.000 луѓе, вклучувајќи ги и спортските настани. Се чека само одлука на Владата за спортските настани да се одржат без публика или сите првенства да се одложат на одреден период.

Во Франција веќе се преземени вакви мерки, забранет е собир на настани со над 5.000 луѓе, додека на стадионите дозволено е само публика до 1.000 лица. Италија вчера потврди дека сите спортски натпреварувања се одложени до 3 април, иако претходно натпреварите се одржуваа без присуство на гледачи на трибините.

- Оглас -

Најнови вести