Лацио и Наполи се двата тима кои во следните неколку дена треба да продолжат со стандардните тренинзи, иако во Италија во скоро време нема да продолжи фудбалското првенство. Одлуката за играчите на Лацио и Наполи се да вратат на тренинзи ја донесоа контроверзните претседатели на клубовите, а тоа се Клаудио Лотито и Аурелио Де Лаурентис.
Како главна причина за Лацио да започне со тренинзи е желбата на Лотито играчите да останат во врвна форма, затоа што небесносините се на само еден бод од лидерот Јувентус. Сепак, одлуката на Лацио да има тренинзи ги налути останатите фудбалски работници, а најжестоко реагираше претседателот на Калјари, Масимо Челино.
„Ако Лотито толку многу го сака проклетото Скудето, тогаш нека биде негово. Лотито е убеден дека неговиот тим е непобедлив и ќе продолжи да живее со таа мисла. Треба да ни биде јасно на сите дека оваа сезона е завршена и не треба да мислиме кога ќе продолжи сезоната, туку како да преживееме. Веројатно некои луѓе не може да го сфатат ова“, рече првиот човек на Калјари, Челино.