ФИФА даде предлог како да се реши проблемот со играчите чиишто договори истекуваат

Одложувањето на фудбалските натпреварувања и најавата дека може да се случи сезоната да заврши дури во летниот период, донесе дополнителни проблеми за клубовите. Во дел од клубовите има играчи чии договори истекуваат на 30 јуни и веќе во следната сезона треба да облечат дресови на други екипи.

Во една таква ситуација, кога првенствата нема да завршат до 30 јуни, фудбалерите чиишто договори ќе завршат треба да знаат каква е одлуката за тоа кога треба да се преселат во новите клубови.

Светската фудбалска федерација, ФИФА, даде предлог сите оние играчи чиишто договори истекуваат на 30 јуни, да останат дел од актуелните клубови за да може регуларно да ја завршат сезоната, а дури потоа да се преселат во новите средини.

„Во случај да дојде до преклопување на двете сезони, приоритет треба да биде новорегистрираните играчи да ја завршат сезоната со поранешните клубови за да може клубот да ја комплетира сезоната во оригиналните состави и за да се сочува регуларноста на домашните првенства. Сепак, ако двата клуба се договорат на поинаков начин, тогаш играчот ќе може да си замине и порано во новиот клуб“, стои во предлогот на ФИФА кој допрва треба да се разгледува.

- Оглас -

Најнови вести