Во денови кога постои светски карантин и треба да се остане дома за време на пандемијата од Коронавирусот, Златан Ибрахимовиќ започна со нов вид предизвик на социјалните мрежи. Ѕвездата на Милан го предизвика Пол Погба во меѓусебен натпревар за „вештина со топка“.
„Пол Погба знам дека имаш техника, но знам и јас дека имам техника. Сакаш ли да те предизвикам во натпревар за „вештина со топка. Се плашиш ли?“, напиша Ибрахимовиќ на својот инстаграм-профил и сега го чека одговорот на францускиот репрезентативец.