ФИФА има поинаков план од УЕФА и ќе го соопшти во следните 48 часа, а се предвидува националните фудбалски федерации сами да одлучат кога ќе ја завршат сезоната 2019/20.
Ова се темели на различната ситуација со Коронавирусот во различни земји, каде што и бројот на заразени и починати лица е многу различен.
ФИФА планира и да го пролонгира летниот преоден рок, а најавена е одлука со која на играчите што имаат договори со клубовите до 30 јуни да им го продолжи автоматски договорот до завршувањето на сезоната. Ако се донесе ваква одлука, тука најмногу ќе се кршат копјата бидејќи голем дел од фудбалерите тешко ќе прифатат да останат во сегашните клубови.
УЕФА пред некој ден објави сосема поинаква одлука, првенствата што се прекинати поради епидемијата со Коронавирус да завршат најдоцна до 3 август.