ФИФА ќе се лизне на британска почва

Ник де Марко, кој е еден од најупатените правници во споровите што се бијат на спортски план, вели дека одлуката на ФИФА на сите фудбалери чии договори им истекуваат во летниот преоден рок, да се продолжат автоматски за периодот во кој не се игра фудбал е ништовна според британските закони.

Светската куќа на фудбалот објави едно, но Де Марко вели сосема друго и има поткрепа за тоа.

„Според правните акти на Велика Британија, никој не може да ги принуди фудбалерите што се слободни на 30 јуни да прифатат таква одлука. Ниту ФИФА, ни УЕФА, ни ФА. Ако сакаат да си заминат, ќе го сторат тоа. Сега зависи само од одлуката што ќе ја донесат фудбалерите“, вели Де Марко.

Тој е еден од водечките правници во оваа област и има застапувано дузина фудбалери, клубови, спортски друштва во судски спорови од сличен карактер.

„Единствено што е легално и не се коси со Законот за вработување во Велика Британија е играчите да прифатат кратки договори од неколку седмици или месеци додека не се заврши фудбалската сезона. Но, тоа мора да биде без принуда или некаква одлука од ФИФА“, додава Де Марко.

Во Англија има доста познати играчи на кои им истекува договорот ова лето и ќе биде интересна разврската ако сезоната продолжи и заврши.

- Оглас -

Најнови вести