МЗТ Скопје се надева, има индиции за проширување на АБА-лигата

Има индиции дека АБА-лигата ќе се пришири за идната сезона, што му дава надеж на повеќекратниoт македонски шампион МЗТ Скопје дека повторно ќе игра во највисок ранг во Регионалното натпреварување.

Дефинитивна одлука за поголем број на екипи што би играле во АБА сè уште нема, но има сериозни најави дека тоа ќе се случи.

Потпретседателот на Регионалното натпреваување изјави дека Јадранската лига би можела од следната сезона да се игра во формат со 14 клубови.

„Има добри шанси лигата да се прошири и од следната сезона да се игра со 14 клубови. Би имало плејоф за титулата, или фајналфор со четирите најдобри екипи“, изјави Ѓорѓије Павичевиќ.

МЗТ Скопје пред десеттина дена испрати соопштение до раководтсвото на АБА-лигата за враќање на таканаречениот национален клуч, со кое бара секоја од земјите што имаат екипи во Регионалното натпреварување да има барем еден претставник во АБА-лигата.

Ако луѓето што се задолжени за двете Јадрански лиги, АБА 1 и АБА 2, одлучат да се прошири првата лига со најдобропласираните две екипи од Втората лига, тогаш МЗТ Скопје ќе извиси бидејќи до прекинот на сезоната беше на третото место во АБА 2.

- Оглас -

Најнови вести