Погба го „утепа“ Ибра и му порача: Дури сега е Game over

Битката преку социјалните мрежи меѓу Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ достигна кулминација. Двете супер фудбалски ѕвезди започаа „војна“ за тоа кој ќе направи подобар потег. Предизвикот го започна Погба, а Ибрахимовиќ, како секогаш, беше подготвен да возврати.

Златан направи перфектен потег кога со петица успеа да ја внесе топката во корпа и на Погба му порача дека „играта е завршена“. Потегот на Ибра може да го видите ТУКА.

Сепак, Погба не чекаше долго за да возврати. Францускиот репрезентативец направи неверојатен потег со топка кога со петица прво ја удри топката во ѕид, а таа потоа заврши во мини-кош направен за неговото синче. По овој потег, Погба му возврати на Ибра: Дири сега е Game over.

- Оглас -

Најнови вести