Барса ниту со попуст не може да го продаде Дембеле

По сите изгледи, Усман Дембеле и следната сезона ќе биде член на Барселона. Клубот и со попуст не може да го прораде брзоногото француско крило кое е склоно на повреди. Каталонците ја намалија цената за Дембеле и до 60 милиони евра, но ниту еден клуб не сака да троши мало богатство за стаклениот фудбалер кој изминативе две сезони често е надвор од терените поради повреди, од кои некои го задржаа и по неколку месеци.

Цената која ја постави Барселона е за околу 40 отсто пониска од онаа која ја плати на Борусија Дортмунд во летото 2017 година, кога Дембеле за 105 милиони евра, плус 40 милиони евра во бонуси го облече дресот на актуелниот шпански првак.

Шпанските медиуми тврдат дека Дембеле повеќе не може да игра на врвно ниво и притоа да избегнува повреди, па затоа ниту еден клуб не сака да ризикува со негов ангажман.

- Оглас -

Најнови вести