Обично спортистите кога ќе ја завршат професионалната кариера, се препуштаат на сите искушенија кои им биле забранети додека биле активни. Тоа не важи за поранешниот член на Баерн Минхен и бразилската репрезентација Зе Роберто.
На 45 години Зе Роберто е во врвна форма, со редовни вежби го одржува виталното тело, дури успеа да го засени Кристијано Роналдо, кој важи за најдобро изграден фудбалер.