Интер летово може да остане без Лаутаро Мартинез, играчот за кого е најавено дека нема да го продадат за сума под 100 милиони евра. Доколку се случи Аргентинецот да си замине од „Џузепе Меаца“, најавено е дека Интер може да тргне во лов на Пол Погба.
Веќе неколку месеци се шпекулира дека францускиот репрезентативец ќе си замине од Манчестер јунајтед, а повеќе европски клубови се интересираат за него. Се шпекулираше дека Погба може да се врати во Јувентус или да замине во Реал Мадрид или Пари Сен Жермен. Сега, во трката за Погба, влегува и Интер.
Миланскиот гигант веќе 10 години нема соработувано со Мино Рајола, фудбалскиот агент кој го застапува Погба. Последен трансфер кој Рајола го направи во Интер е заминувањето на Марио Балотели од Манчестер сити на „Џузепе Меаца“.
Во актуелниот тим на Интер, има дури петмина некогашни играчи од Премиер лигата, а тројца се ексфудбалери на Манчестер јунајтед (Ромелу Лукаку, Ешли Јанг и Алексис Санчес).
„Односите меѓу Интер и Манчестер се одлични, а Интер ќе најде пари ако ги продаде Лаутаро, Перишиќ и да добие пари од Икарди. Конте би бил пресреќен ако во тимот добие играч од калибарот на Погба“, стои во дел од текстот на „Тотоспорт“.