Јуве го сака Погба, ама да не плати ниту едно евро за него

Јувентус е заинтересиран да го врати Французинот Пол Погба во своите редови, но нема намера да плати ниту еден цент отштета за фудбалерот на Манчестер јунајтед. Италијанскиот првак не ја крие желбата да си го врати Погба, но клубот од Торино претпочита да направи трампа на играчи со Црвените ѓаволи, а не да плати, барем така пишува „Тутоспорт“.

Иднината на Погба на „Олд Трафорд” е нејасна. Клубот би го продал за сума од 100 милиони евра. Јуве нема намера да плати толку, особено не во сегашната тешка финансиска ситуација предизвикана од корона-вирусот. Единствена варијанта да се направи зделка помеѓу двата клуба е ако Јунајтед се согласи на размена на играчи, со тоа што во Англија би заминале неколку фудбалери на Јуве чија вкупна цена е како таа на Погба.

Директорот на Јуве, Фабио Паратичи, порача и дека ако сака пак да игра за Старата дама, Погба ќе мора да биде разумен во барањата за висината на платата. Јувентус е е единствен кандидат за потписот на Погба. Го бараат и од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. Мала предност има Јуве бидејќи самиот играч сака да оди таму, а и даночната политика во Италија им дозволува на Бјанконерите да му предложат подобри услови.

- Оглас -

Најнови вести