Дарко Панчев и… Црвена ѕвезда е европски шампион (Видео)

Ниту еден македонски фудбалски клуб нема направено поголем успех во Европа, но кога се зборува за фудбалери, тогаш имаме тројца златни европски прваци. Пред неколку дена поминаа точно 10 години од европската титула која Горан Пандев ја освои во Лигата на шампионите со Интер и на тој начин им се приклучи на Дарко Панчев и Илија Најдоски кои во далечната 1991 година со Црвена ѕвезда се искачија на европскиот трон.

Беше 29 мај кога Панчев на стадионот „Свети Никола“ во Бари стана бесмртен во фудбалската историја, постигнувајќи го последниот погодок од пенал по кој Црвена ѕвезда стана европски првак. Противник на црвено-белите во финалето беше францускиот Олимпик Марсеј, а мечот по 90 минути и дополнителните 30 минути немаше погодоци, па мораше да се изведуваат пенали.

Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедич и Синиша Михајловиќ погодуваа за Ѕвезда, а последен на листата беше Панчев. Аморос промаши за Олимпик и тоа значеше дека доколку Панчев погоди, Ѕвезда ќе биде европски првак. Популарната Кобра не згреши и ја однесе Ѕвезда на европскиот престол.

 

- Оглас -

Најнови вести