Необичен голгетер, една третина од головите ги дал од пола терен (Видео)

Откако дебитираше во првата црногорска лига во сезоната 2016/2017, фудбалерот Балша Секулиќ има постигнато девет голови, а куриозитет е дека една третина од тие голови му се со шутеви од 50-тина метри.

Младиот Секулиќ (21) пред две сезони во дресот на Будуќност погоди од центар против Искра, во првиот дел од сезонава како играч на Подгорица изведе ремек-дело против Сутјеска, а завчера беше стрелец на гол од огромна далечина на дуелот против Рудар.

Ова е голот на Секулиќ постигнат прексиноќа:

- Оглас -

Најнови вести